„Форд“ со нова технологија за дронови, кои му помагаат на вашиот автомобил

Од:

„Форд“ патентираше технологија за користење на беспилотни летала, при оштетување на нивните автомобили. Ако се појави грешка во еден од сензорите во вашиот автомобил, дрон ќе долета и ќе слета на покривот.

Ако се појави грешка или друга ситуација која го спречува нормалното функционирање на еден или повеќе сензори во возилото, тој го регистрира во својот вграден компјутер. Возилото потоа известува за проблемот и преку специјална мрежа, која ги поврзува уредите, овој сигнал го прима едно од беспилотните летала. Дронот го наоѓа патот до вас и се прицврстува на вашиот автомобил. Потоа ја презема улогата на сензорот и му помага на автомобилот да се движи непречено до најблискиот сервисен центар, каде што штетата може да се отстрани.

Во теорија, технологијата звучи многу добро, но тешко ќе се користи во пракса. Повеќето од овие патенти никогаш не стигнуваат до практична примена. Многу од нив се регистрирани само за да спречи друг производител да го стори тоа. Дури и ако „Форд“ сака да ја користи оваа технологија, беспилотните летала сè уште не се многу евтини. Дроновите со сензори и компјутерска моќ потребни за извршување на овие операции се уште поскапи. Покрај тоа, во многу области постојат ограничувања за беспилотни летала.

Едвај некогаш ќе видиме беспилотни летала кои слободно летаат и се „закачуваат“ на нашите автомобили, но скицата сепак изгледа интригантна, и со неа инженерите на „Форд“ уште еднаш покажаа дека имаат интересни идеи.

Би можело да ве интересира

Форд ќе укине 3.200 работни места во Европа

А1он

Форд вложува 11,4 милијарди долари во производство на електрични возила и батерии

А1он

Вработените во „Форд“ ќе работат од дома до јуни 2021 година

Ана Ололовска

Форд затвора 7.000 работни места

„Форд“ во Чикаго инвестира една милијарда долари и отвора 500 работни места

Форд ќе отпушти илјадници работници во Европа

Наум Локоски