„Форбс“ објави листа на покојници кои заработуваат милиони

Од:

Американското списание „Форбс“ објавио листа на познати личности кои и после смртта заработуваат милиони, а на прво место се уште е пејачот Мајкл Џексон.

Џексон, кој почина пред девет години, и во 2017 година беше на прво место, а само оваа година неговата бруто заработка изнесува 400 милиони долари, најмногу од продажба на права.

На второ место е некрунисаниот крал на рок музиката Елвис Присли кој во 2018 година заработил 40 милиони долари.

На трето место е легендарниот играч на голф, Арнолд Палмер, кој заработил 35 милиони долари.

„Форбс“ наведува дека познатите личности кои не се повеќе меѓу живите вкупно заработиле 628 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од минатата година кога заработиле 312 милиони.

На четврто место по остварени бруто приходи е авторот на серијалот за Снупи и Чарли Браун, Чарлс Шулц, кој заработил 34 милиони.

На пето место е пејачот Боб Марли, а потоа следуваат доктор Сус, Хју Хефнер, Мерлин Монро и Џон Ленон.

„Форбс“ инфомира дека податоците се однесуваат на примања од 1 октомври 2017 до 1 октомври 2018 година, и пред да се одбијат хонорарите за агенти, раководители, адвокати и извршители на имот.

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска