Форбс: На листата најбогати, 11 отсто се жени

Од:

Од 2.043 најбогати луѓе на светот на листата на Форбс, 227 се жени, кои заедно поседуваат 852,8 милијарди долари.

Најчесто се работи за наследнички, но некои и со својот труд успеале да дојдат до своите милијарди. И, меѓу нив нема само пејачки, глумици, манекенки, туку и исклучително успешни бизнисменки.

Најбогатата жена во светот е Французинката Франсоаз Бетанкур Мејерс, наследничка на козметичката империја „Лореал“, со богатство од 49,3 милијарди долари. Во општата класификација на најбогатите луѓе во светот, таа се наоѓа на 15. место.

Натаму во првите пет најбогати жени се наоѓаат:

– Алис Волтон од САД, косопственичка на Волмарт маркетите (44,4 милијарди долари),

– Жаклин Марс, наследничка на Марс компанијата за чоколади, филантропка и втората Американка на топ листата (23,9 милијарди долари),

– Јанг Хуијан од Кина, која поседува 57 отсто од акциите во фирамата за недвижнини Кантри гарден холдингс (22,1 милијарда долари),

– Сузан Клатен од Германија, сопственичка на 20 отсто од автомобилскиот гигант БМВ (21 милијарда долари).

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Супербогатите стануваат се побогати, а петте најбогати заработуваат луди 14 милиони долари на час

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Туш со снег, 600 вработени и 169 автомобили: Луксузниот живот на најбогатата Индијка

Маск првпат се најде на врвот на светската листа на Форбс за најбогати во светот

А1он

„Бинанс“ вложува 200 милиони долари во Форбс

А1он

Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

А1он