ВИДЕО: Туш со снег, 600 вработени и 169 автомобили: Луксузниот живот на најбогатата Индијка

Од:

Нита Амбани е сопруга на најбогатитот Индиец во светот, Мукеш Амбани, милијардер и сопственик на најуспешната фабрика во Индија, Reliance Industries.

Нивното богатство се проценува на 83 милијарди евра, а оваа најбогата Индијка е позната по својот луксузен начин на живот. Во нејзината гаража има дури 169 автомобили и 600 вработени кои работат само за неа.

Ова е едно и од најбогатите семејства во светот. Тие живеат во Мумбаи во најскапиот облакодер, кој се состои од 27 ката и кадешто има кино, спа центар, храм, сали за танцување, но и простории посветени на автомобили. Интересно е и тоа што во секоја бања имаат тушеви со снег.

Ги чуваат обезбедувачи кои имаат свои посебни простории. Инаку, оваа Индијка по професија е учителка и дизајнер на ентериер.

Тие сакаат да си подаруваат и скапи подароци, па таа на својот сопруг му купила луксузен Maybach 62, додека тој и подарил млазен авион вреден 60 милиони евра. Познати се и по големите донации, дадоа 69 милиони евра за помош во пандемијата, а интересно е што децата ги воспитуваа по строги правила, па користеа јавен превоз и покрај луксузот и имаа строги ограничувања за излегување.

Би можело да ве интересира

Супербогатите стануваат се побогати, а петте најбогати заработуваат луди 14 милиони долари на час

Катерина Ѓуровски

Форбс: На листата најбогати, 11 отсто се жени

Ана Ололовска