Фини калцони од Болоња

Од:

За сите љубители на тесто ова е нешто ново и неодоливо …

Потребно е:
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 морков
500 гр мелено месо
100 мл црвено вино
200 мл домати пелати во конзерва
100 гр рендан кашкавал
40 гр изрендан пармезан
1 јајце
готово тесто за пица
оригано, босилек

Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на малку масло. Додадете ги ситно сецканите лукчиња.

– Морковот изрендајте го на ситно ренде и додадете го во тавата. Поклопете го садот и кратко динстајте.

– Додадете го месото и пржете го додека да добие боја. Сипете го и црвеното вино и оставете да испари.

– Сега додадете ги пелатите од конзерва и зачините и оставете да се динста барем 30 минути.

– За тоа време тестото за пица малку истенчете го.

– Кога ќе биде готов филот од месо, земете неколку лажици од филот и ставете на едната половина на секој круг од тесто. Посипете со изренданиот кашкавал и поклопете го со втората половина. Краевите притиснете ги со вилушка

– Потоа премачкајте ги со изматено јајце и посипете со изрендан пармезан.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска