Fingerprinte нова компанија на пазарот која ќе произведува квалитетнo испечатени маици со различни дизајни и пораки кои го отсликуваат македонското секојдневие. Неодамна основана и наскоро сигурно ќе стане една од водечките производители на печатена облека во Македонија. Нивната мисија е унапредување на македонската модна сцена преку нов концепт на урбана облека која јасно ги изразува македонските посебности, како што се Македонскиот ајвар, Скопје, ракијата, Охрид, стихови од песни.
Го имаа своето деби на првата вечер од седумнаесеттиот „Fashion Weekend Skopje 2018“ со нивната колекција „Macedonian beauty“ креации кои се 100% осмислени и направени во Македонија односно маици со 16 различни принтови.
„Пред вас стои првата едиција маици со име „Macedonian beauty“со којa на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар“, вели тимот кој стои зад брендот Fingerprint.
Тие не значат приспособување кон потребите на иднината, туку тие се иднината. Нивните главни цел и се да им обезбедат на клиентите високо квалитетни производи, одлична изработка и извонредна услуга. Тие имаат за цел да создадат маици со потписот на Македонија. Во зависност од потребите на своите клиенти, Fingerprint може да се грижи за процесот на дизајнирање од почеток до крај или, ако клиентот сака да има поголем влог во нивните дизајни, Fingerprint сигурно со големо задоволство ќе работи со нив за да произведе облека според спецификациите на клиентот.
Нивниот проактивен пристап и иновативни системи им овозможуваат да одговорат на барањата на клиентите, без никакви пречки до постигнување на крајниот резултат. Исто така им овозможува на купувачите да го доживеат целокупниот процес на дизајнирање.
Fingerprint ги користи само најдобрите добавувачи и се гордее со квалитетот на своите производи, како и изработката на печатењето и везот. Со голема брзина веќе станува една од најбрзорастечките добавувачи на 15 различно дизајнирани маици, кои можат да бидат идеални за креативни подароци, но истовремено и за подобрување на сопствениот моден стил.
Тие постојат за да го подобрат искуството во купувањето на печатена облека со напредување на пазарот, одлично ниво на услуга и технологија, одржливост како стандард, иновативни идеи и нов концепт во светот на модата. Светот во кој живееме брзо се менува, како и очекувањата на оние во него, Fingerprint е тука за да ги задоволи сите тие очекувања.