Филети ослич со боранија

Од:

Идеално балансиран оброк …

Потребно е:
1 главица кромид
300 гр боранија
100 гр пченка шеќерец
300 гр филети ослич
чери домати
магдонос
мелен сув зачин
бибер
мелена црвена пиперка
масло

Подготовка:
– Сварете ја боранијата да омекне.

– Кромидот исецкајте го и пропржете го на масло. Додадете ги боранијата и пченката. Зачинете по желба и уште малку пропржете ги. На крај додадете го исецканиот магдонос.

– Рибата зачинете ја со бибер и мелен сув зачин.

– На дното на една тава ставете го пропржениот зеленчук. Одозгора наредете ги филетите риба и посипете со мелена црвена пиперка. Помеѓу филетите ставете ги чери доматите исечени на половина.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска