Едноставен и брз рецепт, готов за 30 минути …
Потребно е:
свежи филети бранцин
листови босилек
500 гр чери домати
1 главица лук, сино сецкан
50 гр капари
2 лажици маслиново масло
сол и бибер
свеж власец
Подготовка:
– Во еден подлабок сад измешајте ги исечените на пола чери домати, лукот, капарите, маслиновото масло, сол, бибер и власец.
– Намастете ја со масло тавата во која ќе ги печете рибите и наредете ги филетите.
– Посипете ги со сол и бибер и одозгора распредете ја целата смеса со доматите.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути, односно додека доматите не почнат а испуштаат сок.
– Извадете ја тавата од рерна и печената риба посипете ја со сецкани листови свеж босилек.