ФХ3Х дел од тимот на Iron Man 3

Од:

Македонското студио за анимација и продукција на визуелни ефекти ФХ3Х, како дел од екипата на студиото Scanline, работеше на новиот холивудски блокбастер Ајрон мен 3 (Iron Man 3), чија светска премиера е закажана идната недела..

Премиерната проекција во Македонија, пак, е предвиена во Синеплекс Македонија, и ќе се случи в четврток, една недела пред светската премиера.

Според Кристијан Даниловски од ФХ3Х, на визуелните ефекти од филмот работеле 48 домашни артисти од септември 2012 до февруари годинава.

Се работело на 94 кадри или вкупно на околу 10.30 минути од филмот.

Премиерната проекција во Синеплекс е тематски поврзана со првата Машка филмска вечер организирана во соработка со Ауди.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата