ФХ3Х дел од два филма номинирани за Оскар за визуелни ефекти

Од:

Чувари на галаксијата и Капетан Америка: Зимски војник, двата филма на кои ФХ3Х беше соработник на Method Studios, односно на Scanline, се официјално номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Номинациите за најпрестижните награди во филмската индустрија беа објавени на прес-конференција во театарот на Академијата „Семјуел Голдвин“ од актерот Крис Пајн, претседателот на Академијата Шерил Боун Ајзак и режисерите Алфонсо Куарон и Џ.Џ Абрамс.

Продуцентите за доделувањето на оскарите оваа година прват ги објавија сите номинации во 24 категории. Куарон и Абрамс ги објавија номинациите за: анимиран филм, документарен филм, краток документарен филм, монтажа, оригинална песна, продукциски дизајн, анимиран краток филм, монтажа на звук и визуелни ефекти.

Пајн и Боун Ајзак ги објавија номинациите за најдобар актер, најдобра актерка, најдобар актер и актерка во споредна улога, кинематографија, костимографија, режија, странски филм, шминка и фризура, оригинално сценарио, преработено сценарио и најдобар филм.

Покрај Чувари на галаксијата и Капетан Америка: Зимски војник, меѓу петте номинирани за престижната статуетка во категоријата за најдобри визулени ефекти се и X-Man: Days of Future Past, Dawn of the Planet of the Apes и Interstelar.

Церемонијата на доделување на оскарите ќе се одржи на 22 февруари.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“