Фетучини Примавера

Од:

Лесно пролетно јадење, мешавина од свеж зеленчук и зачини …

Потребно е:
1 пакување фетучини (вид на тестенини)
1 чешне лук
4 меснати црвени пиперки
500 гр шампињони
околу 200 гр брокули (или околу 500 гр млад спанаќ)
200 мл бело вино
малку од водата во која ги варевте тестенините
маслиново масло
мелен сув зачин, оригано, босилек, сол, бибер
пармезан

Подготовка:
– Фетучините сварете ги според упатството на пакувањето.

– Додека се варат тестенините во тава на рингла ставете малку маслиново масло и ставете го сецканото лукче. Пржете го многу кратко додека малку не замириса.

– Потоа додадете ја пиперката исецкана на стапчиња и динстајте ја додека да омекне. Пиперките извадете ги од тавата и оставете ги на страна.

– На истото масло во тавата ставете ги сецканите на листови печурки. Динстајте ги 5-10 минути, а потоа извадете ги од тавата и ставете ги во садот кај пиперките.

– Потоа во тавата ставете ги брокулите исечени на поголеми парчиња (или пак младиот спанаќ) и динстајте само неколку минути. И брокулите извадете ги од тавата и додадете ги во садот кај пиперките.

– Во тавата сипете малку од водата во која се вареа тестенините, 1 лажица путер, бело вино и мелен сув зачин, по вкус. Варете 2-3 минути додека да испари алкохолот.

– Сега во тавата префрлете ги варените тестенини, целиот зеленчук и печурките и убаво измешајте за да фетучините го впијат целиот сос. На крај зачинете по вкус.

– Сервирајте ги посипани со доста пармезан и уживајте.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска