Фереро Рошер торта

Од:

Фина богата чоколадна торта, вистинско уживање за сладокусците …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
6 јајца
160 гр шеќер
1 ванилин шеќер
160 гр темно чоколадо
140 гр путер
100 гр брашно
1 прашок за пециво

за кремот:
500 гр маскарпоне сирење
500 гр чоколаден крем Нутела
300 гр пржени лешници

Подготовка:
– Кружен калап за торта со дијаметар од 24-26 см обложете го на дното со хартија за печење, а страните намастете ги цели со путер.

– Одвоите ги белките од жолчките. Рерната загрејте ја на 100 целзиусови степени.

– Изматете ги белките во густ шлаг. Жолчките изматете ги пенесто со шеќерот и со ванилиниот шеќер.

– Во сад на рингла растопете ги чоколадото и путерот и веднаш додадете ги изматените жолчки. Повторно изматете.

– Потоа додадете ги брашното и прашокот за пециво и уште еднаш кратко изматете.

– На крај додадете ги и изматените белки и полека измешајте со шпатула или дрвена лажица за да се спојат сите состојки.

– Смесата за бисквитот сипете ја во калапот и ставете да се пече во загреаната рерна 20 минути. Потоа зголемете ја температурата на 150 степени и печете ја уште 30 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.

– Печениот бисквит оставете да се излади, превртете го од опачина и исечете го на 3 дела по должина.

– Додека се пече тестото преминете на подготовка на кремот. Крупно исецкајте ги претходно испечените лешници. Сите состојки ставете ги во еден сад и изматете ги со миксер.

– Почнете со редење на тортата. Ставете едно тесто на чинија за сервирање и премачкајте го со кремот. Одозгора ставете го второто тесто и исто премачкајте го кремот. Истото направете го и со третата кора.

– Тортата украсете ја по желба. Може да ја украсите со чоколаден шлаг крем.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска