Феминистиките со голи гради се појавија на модната писта во Париз.
Украинската феминистичка организација „FEMEN“ упадна на ревијата на Нина Ричи додека манекенките ги шетаа по пистата елегантните модели.
„Моден фашизам!“, извикуваа феминистиките.
Обезбедувањето веднаш реагирало, а сликите од нивната борба со разголените жени ја потиснаа во втор план ревијата и го обиколија светот.