Корисниците на Фејсбук Месинџер наскоро ќе имаат можност да користат личен асистент што ќе им помага во купување, планирање состаноци или резервирање на патувања.
Претставникот на компанијата „Фејсбук“ Дејвид Маркус го најави новиот сервис наречен „М“, што ќе работи со помош на вештачка интелигенција, пренесува сајтот „машабл“.
Според Маркус вештачката интелигенција ќе ги обучува и надгледува луѓето и новиот сервис ќе може да разбира прашања и да делува врз нивна основа.
За разлика од останатите сервиси базирани на вештачка интелигенција, што се веќе достапни на пазарот, како што се Сири, Гугл Нау или Мајкрософт Кортина, „М“ вистински ќе ги извршува задачите во име на корисникот.
– Може да купувате работи, да праќате подароци, резервирате ресторан, патувања, договарате состаноци и многу друго, објави Маркус на својот Фејсбук профил.
Сервисот се уште е во фаза на тестирање и не се знае кога точно ќе биде достапен за сите корисници на Месинџер.