Фејсбук сака да ги анимира корисниците со воведување на апликација за самостојна камера

Од:

Фејсбук планира воведување на апликација за самостојна камера со која повторно ќе ги заинтересира корисниците.

На тој начин ќе може да се споделуваат повеќе оригинални содржини, порачуваат од Фејсбук. Апликацијата која се уште е во рана фаза на развој, наводно ќе поддржува live streaming како и фотографии и видео.

Од компанијата се надеваат дека развојот на апликацијата ќе ги поттикне пасивните корисници кои се помалку зборуваат за својот живот преку Фејсбук.

Според извештајот на веб страната за технологија и вести, до средина на 2015 година оргинилното споделување на лични работи на Фејсбук се намалило за 21 отсто, во однос на претходната година.

Трендот посебно е изразен меѓу корисниците помлади од 30 години. Фејсбук сега секојдневно корисниците ги потсетува на празници и значајни датуми. Исто така ја покрена опцијата „На денешен ден‟.

Фејсбук неодамна воведе и опција „Facebook Live‟, која претходно можеа да ја користат само поединци.

„Facebook Live е како да имате телевизиска камера во својот џеб. Секој со мобилниот сега има можност да емитува содржини било каде во светот. Кога комуницирате по пат на опцијата Live, се чувствувате поврзани на лично ниво. Ова е голем напредок во нашата комуникација и пружа нови можности за зближување на луѓето‟ – напиша своевремено Марк Зукерберг.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он