Според пишувањата на странските медиуми, на социјалната мрежа „Фејсбук“ наскоро ќе се појават видео реклами, во траење од 15 секунди, кои автоматски ќе се емитуваат.
Аналитичарите сметаат дека и покрај овој непопуларен чекор, од рекламите ќе се заработува околу 2,5 милиони долари дневно.
Ниту едно официјално лице од социјалната мрежа се уште не коментираше за оваа можност за воведување видео реклами.
Елена Георгиевска