Езерото Карачај изгледа како идеално место за одмор, но има само еден проблем – оттаму не би се вратиле живи.
Имено, доколку минеме еден час на тоа место, радијацијата во нашето тело би изнесувала 600 рендгени, што е доволно за да не убие.
Езерото е сместено во руската провинција Чељабинск, близу границата со Казахстан и е во склоп на системот за репроцесирање нуклеарен отпад, наречен Мајак, изграден 40-те години од минатиот век.
Стравувајќи дека системот може го привлече вниманието на светот, властите одлучиле отпадот да се распоредува на повеќе локации. Десет години подоцна, езерото Карачај го погодило суша и така откриениот радиоактивен отпад, со помош на ветрот, го загрозил животот на половина милион луѓе, изложени на зрачење од 185 петабекерели.
Луѓето не се приближуваат до езерото, но и покрај тоа, нивото на смртност е високо.