Европејците најмногу го користат интернетот за е-пошта

Од:

Вкупно 87 отсто од населението во ЕУ, на возраст од 16 до 74 години, користеле интернет во текот на минатата година, а нивниот број се менува од 98 проценти во Шведска до 68 отсто во Бугарија.

Европската статистичка служба Евростат соопшти дека бројот на корисниците на светската мрежа речиси двојно се зголемил од 2007 година, кога интернет користеле само 57 проценти од граѓаните.

Најмногу корисници го употребувале интернетот за испраќање и примање електронска пошта (75 отсто), за пронаоѓање податоци за стоки и услуги кои ги интересираат (68 проценти), испраќање пораки (67 отсто) и читање вести на интернет (63 проценти).

Мнозинството од нив, исто така, преку интернет користеле банкарски услуги (58 отсто), социјални мрежи (57 проценти), барале здравствени информации (55 отсто), слушале музика (53 проценти), телефонирале или користеле видео повици (52 отсто).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он