Евродизниленд успешно ја почна годината

Од:

 Европскиот Дизниленд оствари позитивни деловни резултати во првото тримесечие од деловната 2012-2013, остварувајќи профит од 327 милиони евра.

Управата на најголемиот европски забавен парк од Париз соопшти дека компанијата во првите три месеци од тековната деловна година, заклучно со декември, го зголемила профитот за 2,5 отсто во однос на претходното тримесечие, но нагласи дека станува збор за краторочен период и дека сликата ќе биде целосна кога ќе бидат готови податоците за годишното работење.

Заработувачката во објектите за сместување е зголемена за 0,7 отсто, во Дизниленд селото за 1,2 проценти, додека во тематските паркови за 0,7 проценти.

Забележано е намалување на бројот на француските и шпанските туристи, а бројот на холандските и британските посетители е во пораст, изјави претседателот на компанијата Филип Гас.

Компанијата претходната деловна година, која заврши на 30 септември 2012, беше во нето загуба од 100,2 милиони евра, а во 2011 година од 63,9 милиони.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска