Флоренс Евелин Несбит (1884 – 1967), позната како Евелин Несбит, била прва манекенка на светот.
Несбит својата кариера ја почнала во раните тинејџерски години во Филаделфија и ја продолжила во Њујорк, каде непосредно по преселувањето добила улога во популарниот бродвејски мјузикл Флородора, а набрзо потоа глумела во претставата Дива роза, кога го привлекла вниманието кај обожувателите.
Позирала за признатиот уметник Џејмс Керол Беквит, а набрзо станала една од девојките на Гибсон.
Нејзиното младолико лице наскоро станало сеприсутно и можело да се види на реклами, сувенири, разгледници, календари и сл.
Несбит често позирала во костуми како шумска вила, ромка, грчка божица, гејша или пин ап девојка, за време на кариерата се појавувала и во многу филмови и станала икона на една ера и девојка од американскиот сон.