ЕУ: Најквалитетната вода за капење е во…

Од:

Европската агенција за животна средина спроведе истражување за квалитетот на водата за капење во земјите од Европската унија, при што е утврдено дека најчисти се водите во Кипар и Луксембург, а по нив се Малта, Хрватска и Грција.

Дваесет и четири проценти од локациите за капење во Европската унија ги задоволуваат минималните стандарди за квалитет на водата, покажуваат резултатите од овогодишното истражување.

Квалитетот на водата е извонреден на 78 отсто од локациите, а за два отсто е зголемен бројот на локациите кои минимално ги исполнуваат стандардите во споредба со минатата година.

Највисок квалитет на водата е забележан во Кипар и во Луксембург, а кај уште осум земји е забележан квалитет над просекот: Малта (97 отсто), Хрватска (95 отсто), Грција (93 отсто), Германија (88 отсто), Португалија (87 отсто), Италија (85 отсто), Финска (83 отсто) и Шпанија (83 отсто).

Со истражувањето се опфатени 919 места за капење, од кои 912 се на море, а останатите се на реки и езера.

Велика Британија во голема мера ги задоволува условите, но на 36 локации е оценето дека водата е со лош квалитет. Слично е и во Ирска, каде не се препорачува капење на четири локации. Во Франција капење не се препорачува на 74 локации.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска