Компанијата „Етихад ервејз“, која е погодена со забраната на електронски апарати во рачниот багаж на летовите во САД, соопшти вчера дека ќе им позајми ајпедови (iPads) на своите патници со најголеми патни трошоци.
„Етихад“ наведува дека од 2 април ќе им понуди своите таблет апарати на патниците на летовите за САД во прва и бизнис класа со ваучер за бесплатен ви-фи Интернет.
Владата на САД минатата недела воведе забрана за носење електронски апарати поголеми од мобилниот телефон во рачниот багаж за патниците од десет градови на Блискиот Исток и северниот дел на Африка на летовите поврзани со САД, со исклучок на медицинските апарати.
„Етихад“ во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати е меѓу градовите на кои се однесува забрана на американската Влада.