Уште две земји избраа евровизиски претставници, Естонија и Молдавија, а во тек е и финалето во Литванија.
Наталија Барбу со песната “In the Middle” ќе настапи за Молдавија во полуфинале од Евровизија во мај. Таа победи со комбинација на гласовите од жирито и публиката.
Инаку, таа веќе ја претставуваше Молдавија во 2007 година со песната “Fight” и се пласираше на 10тото место. Доста молдавски ѕвезди ја претставувале својата земја и по неколкупати на Евровизија, меѓу кои и Наталија Гордиенко, Паша Парфени и бендот Sunstroke Project.
Во Естонија пак, се одржа избор за претставник и победи бендот 5Miinust and Puuluup со песната “(Nendest) narkootikumidest ei tea me (küll) midagi”.
Во последните неколку години се повеќе претставници настапуваат на својот мајчин јазик, па примерот оваа година го следат и естонските претставници.