Еротски приказ на спартанска кралица на слика во Помпеја

Од:

Слика со еротски приказ на митот за спартанската кралица Леда е пронајдена под урнатините на древноримскиот град Помпеја, кој бил уништен од ерупција на вулканот Везув во 79 година од новата ера.

Станува збор за легендата за Леда во која, според грчката митологија, се вљубил Зевс, но никако не можел да ја освои, па се претворил во лебед и така успеал да ја добие нејзината љубов.

На новопронајдената слика, Леда е во интимна прегратка со лебед.

– Таа е насликана како да гледа кон оној што влегува во нивната спална соба… Леда го погледнува набљудувачот со доста изразена сензуалност, нагласува одговорниот археолог за Помпеја, Масимо Осано.

Фреската, како и нејзините живописни бои, се во доста добро очувана состојба.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска