„Ер Франс“ формира своја авиокомпанија за евтини летови

Од:

Француската авионска компанија „Ер Франс“ денеска соопшти дека ќе формира своја нова филијала за евтини летови под името „Жон“, но висината на цените на билетите и понудените линии ќе бидат објавени во септември, јави дописникот на МИА од Париз.

Летовите на средни дестинации ќе се извршуваат од парискиот аеродорм „Шарл де Гол“ почнувајќи од септември, додека летовите на подолги дистанци ќе бидат воведени од летото 2018 година.

Новата филијала ќе ја раководи Жан-Мишел Матјо, кој исто така станува член на Извршниот одбор на „Ер Франс“.

– „Жон“ е нова етапа во развојот на стратешкиот план „Траст Тугедер“ и нејзиното формирање треба да ги намали трошоците и да ја зголеми рентабилноста на групацијата „Ер Франс“, информира генералниот директор на францускиот авиопревозник Франк Тернер.

Филијалата ќе треба да му овозможи на „Ер Франс“ да се соочи со конкуренцијата на нискотарифните авиокомпании од Персискиот Залив. Меѓутоа, „Жон“ нема да биде нискобуџетна авикомпанија, бидејќи ќе ги извршува услугите во согласност со стандардите на „Ер Франс“.

Новата компанија има за цел да ги привлече младите на возраст од 18 дп 35 години и во групацијата „Ер-Франс-КЛМ“, „Жон“ ќе биде „помалата сестра која ќе треба да ги привлече клиентите за потоа да патуваат со постарите сестри“, се вели во соопштението на „Ер Франс“.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска