Епл сериозен конкурент на Нетфликс

Од:

Епл претстави неколку нови уреди, меѓу кои и три модела на „Ајфон“, поевтин „Ајпад“ и нов паметен часовник. Но покрај тоа, компанијата потсети и на својот нов бизнис, којшто постепено станува поважен од хардвер-уредите – дигиталните услуги слични на оние на Нетфликс.

Тие услуги уживаат голема популарност, поради тоа што нудат пристап до огромен избор содржини за ниска цена. Но, цената може и да е пониска…

Предноста на Епл во таа смисла, е големата покриеност на пазарот, па може а пушта дигитални услуги за видеоигри, видеа и други апликации по многу пониски цени од вообичаените. Тоа ќе навлече многу критики кон компанијата, особено поради понудата – првата година за сите новопродадени продадени Ајфони и Ајпади, новите услуги да бидат бесплатни.

Една од новите услуги е Епл ТВ плус. Тоа ќе биде избор на нови содржини – филмови, серии и емисии, направени само за оваа платформа. Во проектите се ангажирани Џенифер Анистон, Риз Видерспун, Џејсон Момоа, Опра Винфри, Стивен Спилберг и други познати лица од шоу-бизнисот. А, изборот на содржините само ќе расте.

Цената на услугата ќе биде 4,99 долари месечно, и таа својот почеток ќе го има на 1 ноември годинава, во над 100 држави во светот.

Би можело да ве интересира

Се огласи демначката по која е снимана серијата: „Тој е лажго и психијатриски случај“

Предраг Петровиќ

Промената во врска со една од најпопуларните серии на Нетфликс предизвика големо незадоволство

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Катерина Ѓуровски

Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Предраг Петровиќ

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ