Првпат во својата историја, „Епл“ развива и произведува сопствени дисплеи, тврди „Блумберг“.
Компанијата од Купертино моментно има тајна мала фабрика во Калифорнија каде се изработуваат тест единици. Проектот, кој го води Лин Јангс, е со кодно име „T159“, а самата фабрика се наоѓа на само 15 минути возење од седиштето на компанијата. Околу 300 инженери работат на развивање екрани за идните производи.
„Епл“ има намера да инвестира сериозни суми во наредната генерација МикроЛЕД екрани, бидејќи, според Тим Кук, ова е иднината на дисплеите. МикроЛЕД има потенцијал да произведе потенки уреди кои користат помалку енергија.
Истовремено, технологијата обезбедува поголема осветленост од сегашната генерација на ОЛЕД панели. Сепак, производството на МикроЛЕД е исклучително тешка и според информациите на „Блумберг“, „Епл“ пред една година за малку ќе се откажале. Сепак, во последниве неколку месеци е постигнат сериозен напредок.
Сепак, „Епл“ наскоро ќе почне да користи свои дисплеи, а според „Блумберг“, целиот процес ќе одземе уште неколку години. Специфично за ајФон, терминот е помеѓу три и пет години, а најверојатно дисплеите најпрво ќе се користат во Епл Воч, кој исто така беше првиот уред на „Епл“ со OЛЕД дисплеј.
Сепак, веста за намерите на компанијата веднаш доведе до пад на цените на акциите на главните снабдувачи на дисплеи. Кај „Јапан Дисплеј“, цената се намали за 4,4 отсто, „Шарп“ изгуби 3,3, додека акциите на „Самсунг“ се намалија за 1,4 проценти.