„Епидемија“ на британски пријави за труење со храна во Шпанија

Од:

Шпанските хотелиери се соочуваат со „епидемија“ од лажни пријави од британски туристи за труење со храна и тоа поради добивање паричен надомест што може да значи и милиони евра загуби за туризмот во Шпанија.

Хотелиерите во Шпанија се пред навалица од лажни пријави и барааат спас и со приватни детективи за да откријат измами.

Во 2016 и 2017 година (сезона што не е завршена) поднесени се повеќе од 10.000 пријави додека во претходната туристичка сезона година имало само 600.

Британското Здружение на патнички агенции покрена кампања Стоп за лажните пријави за болест, жалејќи се дека на крајот сите ќе платат цена за такви измами.

Здружението нагласува дека во изминатите три години бројот на пријави од британски туристи кои престојуваат во странство е зголемен за 500 отсто. Тој феномен ги погодува и другите дестинации како Турција. Минатата година Шпанија ја посетиле 16 милиони туристи од Британија.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска