Урмите се богати со железо и флуор и се богат извор на витамини и минерали …
Потребно е:
400 гр урми без семки
70 мелени ореви
30 гр пропржен сусам
2 лажици сок од портокал
200 гр чоколадо
изрендана кора од портокал
Подготовка:
– Во блендер ставете ги урмите и сокот од портокал и сомелете ги.
– Префрлете ги во еден сад и додадете ги мелените ореви и сусамот. Со раце фино умесете ја смесата.
– Направете 25 топчиња малку поголеми од орев.
– Ставете ги во фрижидер да се втврднат, а потоа глазирајте ги со растопено чоколадо кое претходно сте го растопиле на пареа.
– Над чоколадото изрендајте кора од портокал.
– Кога ќе се стегне чоколадото префрлете ги во хартиени корпички и послужете.