Многу енергија во една мала плочка. Овие концентрирани јаглнохидрати на брз начин ќе ви ја вратат изгубената енергија, а сушеното овошје само ќе го надополни вкусот на здравите семки…
Потребно е:
200 гр овесни снегулки
50 гр семки од сончоглед
70 гр бадеми исечени на ливчиња
30 гр пченични никулци
150 гр цветен мед
40 гр кафеав шеќер
30 гр путер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
200 гр сецкано суво овошје (кајсии, цреши, брусници, суво грозје)
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги овесните снегулки, семките од сончоглед, бадемите исечени на ливчиња и пченични никулци. Распоредете ги во тенок слој во тава и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-15 минути со повремено мешање.
– Во меѓувреме во еден сад на рингла растопете ги медот, шеќерот, путерот, ванилиниот шеќер и солта и варете ги со постојано мешање додека шеќерот не се растопи целосно.
– На смесата од рерна додадете го сецканото овошје и измешајте ги. Оваа смеса додадете ја во течната смеса и брзо промешајте.
– Смесата сипете ја во тава за печење (28х20 см) обложена со хартија за печење. Со намокрени раце со вода израмнете ја притиснете ја смесата.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 25 минути.
– Готовиот колач исечете го на плочки и послужете го. Можете да ги чувате херметички затворени во кутија до една недела.