Потребно е:
500 гр млад спанаќ
2 калинки
200 гр црвена леќа
150 гр лебни трошки
2 главици црвен кромид
сол, по вкус
маслиново масло
балсамиран оцет
Подготовка:
– Сварете ја леќата. За тоа време измијте го и исецкајте го тенко спанаќот.
– Исчистете ги калинките и измешајте ги со спанаќот.
– И кромидот исецкајте го на коцки и додадете го во салатата.
– Исцедете ја леќата, оставете да се излади, измешајте ја со лебните трошки и додадете ја кај останатите состојки.
– Посолете по вкус и додадете маслиново масло и балсамиран оцет.
– Измешајте и послужете.
Совет: Наместо леќа може да користите сварена киноа. Ако ставите киноа тогаш лебните трошки нема да ви се потребни.