Квалитетот и луксузот на италијанската машка мода скоро секогаш значи превисока цена. Но, брендот Елевенти веќе се обидува да го промени тоа.
Брендот кој 2007 година го покренаа Марко Балдесари, Паоло Зунтини и Андреа Скудери, има за цел – италијанската мода да ја направи попристапна за современиот маж со фокус на одржливост. Брендот има мрежа од 94 фабрики во Италија.
Линијата се состои на одела, едноставни одделни сакоа, панталони, кошули и бермуди коишто нудат модерни и мирни бои.