Еко-активисти ја нападнаа „Девојката со бисерна обетка“ во Хаг

Од:

Противници на употребата фосилни горива и еко-активисти во знак на протест денеска во музејот „Маурициус“ во Хаг извршија „напад“ врз „Девојката со бисерна обетка“, познатата слика на уметникот Јоханес Вермер.

Полицијата ги уапсила трите лица кои учествувале во нападот, од кои едното фрлило непозната материја кон уметничкото дело, но сликата не е оштетена бидејќи е зашитена со стакло.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат активисти како носат маици со натпис „само запрете ја нафтата“ (Just stop oil).

„Како се чувствувате кога ќе видите како нешто убаво и вредно навидум се уништува пред вашите очи? Дали чувствувате лутина? Па, тоа е чувството кога ќе ја видите планетата како се уништува пред ваши очи”, вели еден од активистите на снимките.

Денешниот е последен од низата акции што активистите на групата „Само запрете ја нафтата” ги започнаа месецов. Тие фрлаа компир-пире врз слика на Клод Моне во германски музеј и прскаа со сос од домати уметничко дело на Винсент ван Гог во галерија во Лондон. Во ниту еден од нападите уметничките дела не се отштетени бидејќи се заштитени со стакло.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Берлин, климатските активисти се залепија за патиштата

Се бара непристрасна и ефикасна истрага за смртта на белоруски дисидент

ВИДЕО: Да умреме како мажи, ама да не живееме како глувци – активисти од Гази Баба не дозволуваат депонија на штетен отпад

Искра Манојлоска

Бенкси уништи негова слика вредна 1,3 милиони долари

Кристијан Ландов

(Видео) Член на здружението „Ќосето“ запали слика од Заев и му се закани

Кристијан Ландов

Слика на Клод Моне продадена за рекордни 81,4 милиони долари

Емир Латифовиќ