Се бара непристрасна и ефикасна истрага за смртта на белоруски дисидент

Од:

Обединетите нации денеска ги повикаа украинските власти да спроведат непристрасна и ефикасна истрага за смртта на 26-годишниот белоруски активист Виталиј Шишов, кој беше пронајден обесен во парк во Киев.

Високиот комесар за човекови права на ОН рече дека заканите против белоруските граѓани треба да престанат, но нагласи дека не е воспоставена директна врска меѓу смртта на Шишов и репресијата врз неистомислениците од режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

– Ова предизвикува нова загриженост за тоа што се случува во Белорусија, изјави портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права Марта Хуртадо.

Исчезнатиот активист беше пронајден обесен во парк во главниот град на Украина, соопшти денеска полицијата, која отвори истрага за „убиство“. Невладината организација на Виталиј Шишова, Белоруски дом, го обвини режимот во Минск за „убиство“.

– Се надеваме дека властите ќе спроведат ригорозна, непристрасна и ефикасна истрага за она што се случи и ќе утврдат дали станува збор за самоубиство, класично убиство или дали постои поврзаност со активизмот, истакна Хуртадо.

Би можело да ве интересира

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Лукашенко сака патроли со огнено оружје на белоруските улици

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Масовни рации во Белорусија: 159 луѓе „на мета“

Украинците тврдат дека спречиле упад на руски диверзанти од Белорусија

Катерина Ѓуровски