Египет доби уште една пирамида

Од:

 Пирамида стара, повеќе од три илјади години, која му припаѓала на еден везир на фараонот Рамзес Втори е откриена во Луксор, во јужен Египет, изјави вчера египетскиот државен секретар за антиквитети Мохамед Ибрахим.

– Остатоците од пирамидата, која била висока 15 метри, а широка 12 метри ги пронајде заедничкиот тим на Слободниот универзитет во Брисел и Универзитетот во Лиеж, додаде Ибрахим.

Пирамидата му припаѓа на еден од везирите на Горен и Долен Египет, кој се викал Кај. Тој околу 15 години ја извршувал должноста, која е еднаква на премиерската функција за време на владеењето на фараонот Рамзес Втори.

Споменикот бил уништен во седмиот или осмиот век, а гробот бил претворен во коптско престојувалиште. Ова откритие е од голема важност, бидејќи везирот Кај им е добро познат на египтолозите преку бројни документи.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска