Ефект Пинокио: Носот навистина не издава кога лажеме

Од:

Двајца шпански психолози од Унвиерзитетот во Гранада докажаа дека нашиот нос, токму како и во приказната за Пинокио, навистина не издава кога лажеме.

Пинокио, дрвена кукла која после голем број авантури станува момче, не е само јунак на популарниот роман на Карло Колоди, туку и име на некои феномени во медицината (Пинокиев комплекс и Пинокиев синдром).

Шпанските научници, Елвира Саласар Лопес и Емилио Гомес Милан со помош на термограф, апарат кој ја мери температурата на разни делови од телото, открија дека кога лажеме нашиот нос отекува (наместо да се издолжува), додека температурата во него расте.

Овој феномен кој се вика ефект Пинокио, се јавува и кога ќе не обземе страв.

Саласар Лопес и Гомес Милан не ја мереле само температурата на носот, туку и на другите делови на телото, па така откриле дека при изведувањето на фламенко, на танчерите им расте температурата во задниците, која потоа се шири кон горните екстремитети.

– Тоа е термички отпечаток на Фламенко и секој танц има свој специфичен отпечаток, рече Саласар Лопес, пренесуваат шпанските медиуми.

Шпанските научници тврдат, исто така, дека со овој метод може да се детектираат и сексуалните желби. Според нив, порастот на либидото се манифестира со растење на температурата во гениталиите и градите.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска