Може да бидат и одличен појадок …
Потребно е:
лиснато тесто
240 гр крем сирење
2 лажици шеќер
1 лажиче сок од лимон
3/4 лажиче екстракт од ванила
1 лажиче кисела павлака
за глазурата:
1 чаша шеќер во прав
1 лажица млеко
1 лажица омекнат путер
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 175 целзиусови степени.
– Лиснатото тесто развлечете го на набрашнета работна површина и исечете го на правоаголници. Секој правоаголник поделете го на 4 помали.
– Посипете ги со шеќер во прав и исечете ги на ленти.
– Секоја лента фатете ја од двете страни со двете раце и завиткајте ја во две различни насоки. Потоа смотајте ги како полжави.
– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Во средината на секој полжав од тесто направете вдлабнатина со прст да направите место за филот.
– Преминете на подготовка на филот. Во еден сад измешајте ги крем сирењето, 1 лажица шеќер, сок од лимон, ванилин шеќер и кисела павлака.
– Во вдлабнатината на секој полжав ставете по 1 лажица од филот.
– На крај премачкајте ги со растопен путер и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 12-15 минути.
– За глазурата убаво изматете ги сите состојки и со неа испрскајте ги топлите полжавчиња.