Едноставен крем од лимон

Од:

Со овој крем од лимон може да обогатите различни пити, колачи и торти или едноставно намачкајте го на леб како џем …

Потребно е:
4 жолчки од јајце
2 цели јајца
200 гр шеќер
1 прстофат сол
1,5 лажица изрендана кора од лимон
180 мл сок од лимон (свежо исцеден)
150 гр путер, солен

Подготовка:
– Жолчките, јајцата, шеќерот и прстофат сол ставете ги во едно тенџере и убаво изматете ги со маталка. Додадете ја изренданата кора од лимон и на крај додадете го и путерот.

– Смесата загрејте ја на умерена температура со постојано мешање. Варете додека не се растопи путерот и смесата не се згусне, 5 до 10 минути.

– Додека е уште врел, кремот процедете го низ густа цедалка со мешање.

– Кремот покријте го со пластична фолија за да додека се лади не се направи на површината коричка.

– Кремот ќе биде спремен за користење откако ќе стои 4 часа во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска