Многу вкусен сув колач со чоколадо и портокал …
Потребно е:
200 гр остро брашно
170 гр шеќер
3 јајца
1 чаша (200 мл) јогурт
100 мл масло
изрендана кора и сок од 1 портокал
1 прашок за пециво
100 гр чоколадо за готвење
путер за премачкување
Подготовка:
– Изматете ги белките од јајца со шеќерот и додадете ги едно по едно жолчките и дел од брашното во кое сте го ставиле прашокот за пециво. Сега додадете го полека со постојано матење јогуртот и потоа преостанатото брашно.
– Поделете ја смесата на два дела. Во едниот дел ставете го растопеното чоколадо.
– Тавата за печење премачкајте ја со путер и посипете со малку брашно. Прво сипете ја светлата смеса, а над неа потемната.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 40-45 минути.