Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи наредниве шест месеци, поради стравувањата за флората и фауната на брегот и еколошката состојба.
Одлуката стапува во сила на 26 април, соопшти портпаролката на филипинскиот претседател Родриго Дутерте.
На островот има околу 500 фирми коишто се тесно поврзани со туризмот, поради што филипинската Влада им вети финансиска помош.
Овој потег на властите следеше како одговор на неконтролираното испуштање отпад во водите околу островот.