Супермоделот Татјана Патиц почина на 56-годишна возраст, пишува „Vogue“.
Supermodel Tatjana Patitz has died at the age of 56. “Tatjana was always the European symbol of chic, like Romy Schneider-meets-Monica Vitti,” remembered Anna Wintour, chief content officer of Condé Nast and global editorial director of Vogue. https://t.co/YCxLsxdlVk pic.twitter.com/xfKKN1ofnx
— Vogue Runway (@VogueRunway) January 11, 2023
Татјана се прослави во текот на осумдесеттите и деведесетите години на минатиот век, а соработуваше со познати модели како Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел.
Заедно со нив во 1990 година се појавува во спотот на познатиот Џорџ Мајкл за песната „Freedom“.
Некогаш беше прогласена за една од најубавите жени на светот, а ја доби и титулата за најмистериозна манекенка. Како што постојано истакнуваше, „ги презираше деновите на нејзината најголема слава“, а се повлече од јавноста за да му се посвети на семејството.
Со манекенство се занимаваше до 2019 година, а на модната писта првпат зачекорила кога имала само 17 години. Таа беше на насловната страница на повеќе од 200 најпрестижни светски списанија.
Причината за нејзината смрт засега не е позната.