Еден од најголемите патнички бродови во светот „Regal Princess“ се „закотви“ вчера во Јадранското Море, во хрватскиот град Дубровник.
Бродот е тежок над 142 тона, а неговата должина е 330 метри. Екипажот на бродот вклучува 1.346 лица, а капацитетот е 3.560 патници.
Минатата година во Дубровник пристигнаа вкупно 711 патнички бродови со 1,2 милиони патници.