„Џим Вилсон“ е шифра во авиосообраќајот, која нема убаво значење. Малку е познато дека авиокомпаниите годишно превезуваат и по некколку илјади тела на луѓе, кои починале надвор од нивните матични земји, а ги сместуваат во бункери на леталото, поточно под седиштата на патниците.
Со цел пилотот и екипажот во комуникацијата да го избегнат користењето на зборот „леш“ во авиокомпаниите ширум светот најзастапена е шифрата „Џим Вилсон“.
На тој начин екипажот полесно може да комуницира со властите и погребалните претпријатија. Сепак не го користат сите компании овој израз. Некои велат и ХР (HR – human remains), но и покрај тоа го користат името Џим во комуникацијата.
Џим Вилсон означува ковчег со кој се пренесуваат телата во авиосообраќајот. Полни се со мраз со цел покојникот да стигне на дестинацијата во нераспадната состојба.
Инаку, 50 илјади тела годишно се превезуваат на ваков начин, а амстердамскиот аеродром има и сопствена мртовечница.
Ниско буџетските компании како Рајанер и Изи Џет не превезуваат товар, така што во нивните авиони нема да има ниту еден Џим Вилсон.