Џез поп рок вечери во Ресен

Од:

На градскиот плоштад во Ресен од утре до 21 јули љубителите на џез, поп и рок музиката ќе имаат можност да проследат настапи на четири различни бендови и изведувачи.

Утревечер ќе настапи „Васил Хаџиманов Бенд“ од Белград, на 19-ти јули домашната група „Персиди“, а на 20-ти јули „Ние запирка другарите“. Четиридневниот музички спектакл ќе заврши на 21 јули, кога ќе настапат „Блубери“ и Оли Китан.

Џез поп рок вечерите во Ресен се во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, со поддршка на општина Ресен и градоначалникот Ѓоко Стрезовски.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека ова е уште една можност љубителите на овие музички жанрови да уживаат во летните денови во настапот на значајни музички имиња.

Би можело да ве интересира

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он

Приведен крадец од Ресен, одреден му е притвор

А1он