Џенифер Лоренс повторно застана пред објективите заради реклама на брендот Диор. Овојпат актерката ја промовира годинешната есенска претсезонска кампања.
Идејата за фотосесијата е на креативната директорка на компанијата, Марија Грасија Ќири. Во центар на вниманието на колекцијата се чантите со златни мотиви, везени логоа и украсни каишки.
Фотографиите се направени на минималистички сет.