Денеска на 20-ти јануари се навршуваат 20 години од смртта на Одри Хепберн. Одри во текот на исклучителната актерска кариера успеа да ги освои најважните актерски награди – Оскар, Греми, Еми и Тони, со кои можат да се пофалат само уште осум актери.
Американскиот филмски институт во 1999-та година ја прогласи Одри Хепберн за трета најголема ѕвезда на сите времиња, по Кетрин Хепберн и Бет Дејвис. Оскар доби за улогата фо филмот „Празник во Рим“, снимен 1953-тата година.
Освен популарноста, многумина сметаат дека Одри Хепберн е најубавата жена на 20-от век, а модните експерти ја истакнуваат како искона на стилот.
За Оскар беше номинирана уште неколку пати, меѓу останатите и за улогата во филмот „Доручек кај Тифани“ од 1961. година, по која е и најмногу запаметена.
Родена е на 4-ти мај 1929-та година во Брисел. Вистинското име на актерката било Одри Кетлин Растон. Се школувала во приватни училишта во Англија и Холандија. За време на окупацијата на Холандија помагала на тамошното движење на отпорот.
Луѓето кои ја познавале ја опишуваат како скромна и несебична. На два пати беше и детски амбасадор на ОН.
Официјално беше два пати во брак, но таблоидите и препишуваа многу вонбрачни врски, а меѓу нив и наводно со американскиот претседател Џон Кенеди.
Пред крајот на 1992-та година сними спот со кој беше промовирано неопходното примирје во Сараево. Се смета дека тоа е нејзнино последно појавување во јавноста.
Почина на 20-ти јануари 1993-та година во Швајцарија.