ВИДЕО: Дубаи гради Таџ Махал – четири пати поголем

Од:

За оние кои не можат да отидат до Индија за да му се восхитуваат на Таџ Махал, наскоро ќе постои и друга варијанта во Дубаи.

Тамошните градители планираат да направат масивна реплика на еден од најубавите споменици на светот.

Така наречената Таџ Арабија, ќе биде вредна една милијарда долари и ќе биде четири пати поголема од оргиналот, а главно ќе биде наменета за венчавања.

Во комплексот ќе има трговски центар, хотел од 5 ѕвездички со 300 соби и секако продавници со венчаници и придружна опрема.

Таџ Арабија ќе биде дел од поголем комплекс кој ќе се вика City of Wonders во чии рамки ќе бидат изградени реплики на пирамидите, Ајфеловата кула, Кинескиот ѕид, Кривата кула во Пиза и така натаму.

 

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска