Древен град, кој датира од 14. век пред новата ера е откриен од археолозите, во близина на летувалиштето во кипарскиот град Ларнака.
Остатоците од древниот град ги откриле научници од шведски универзитет. Според податоците на кипарската Дирекција за антиквитети градот бил со плоштина меѓу 25 и 20 хектари. На почетокот на 12 век пред новата ера градот бил разурнат.
Остатоците од градот се откриени со георадари.