Доминикана: Сексот како туристичка атракција

Од:

Плажите на Пунта Кане, популарното летувалиште во Доминиканска Република, отсекогаш биле познати како засолниште за мажите кои плаќаат за моментите на задоволство во прегратки на убави девојки.

Но, во последните години ситуацијата се менува. Се повеќе осамени жени од западна Европа и Америка внимение и нежност пронаоѓаат на карипските плажи, каде проституцијата е една од најразвиените туристички услуги.

Благодарение на таканаречените „санки панки“ – сиромашни црни момци, со извајани тела, кои нудат забава и уживање во интимни моменти, сега во Доминиканската Република има поинаква слика.

Секс туризмот, на тој начин, стана една од главните „туристички понуди“’ на Пунта Кане, карипски рај, со пријатни домаќини кои живеат од продажбата на цигари, рум и богат ноќен живот.

Меѓу корисниците на услугите на секс туризмот можат да се препознаат жени од најразлична возраст, па така во платената интимност уживаат слободни девојки, средовечни госпоѓи, но и дами кои одамна влегле во седмата или осмата деценија.

Во книгата „Романса на патување“, на авторката Жанет Беливо, се опишува природата на сексуалните авантури за кои на тропските острови годишно трагаат повеќе од половина молион жени.

-Жените заминуваат да се пронајдат себе си, а потоа да запознаат лесно воочливи момци кои за малку пари го нудат своето тело и внимание. Кој може да одолее на така дарежлива понуда, прашува авторката во својата книга.

Цените на овие услуги варираат меѓу 20 и 150 долари, а многумина заводници добиваат шанса за продолжен деловен ангажман. Долгото дружење им донесува маркирана гардероба, скапи часовници и други подароци.

Повештите љубавници добиваат и автомобили, станови, можности за патувања… Во некои случаи доаѓа и до бракови меѓу младите љубавници и богатите дами.

Како што велат жителите на ова место, вообичаено е да се видат момци кои под рака водат жени кои можат да им бидат баби.

-На почеток ваквите двојки предизвикуваа чудење, па и гадење, а сега тоа стана прифатливо. Морето, сонцето и плажите повикуваат да го правите тоа што го посакувате. За некого е тоа купувањето љубов, вели сопственик на локален бар на плажа, кој секојдневно сведочи за склучувањето љубовни деловни договори.

Доминиканска Република годишно ја посетуваат околу 4,6 милиони туристи, од кои дел, покрај желбата да уживаат на плажите и прекрасното време, доаѓаат и заради секс туризмот.

Иако, секако, проституцијата не е дозволена, локалната полиција главно „мижи“ на ваквите појави. Заради недостаток од државна контрола, момците и девојките кои во оваа земја доброволно се занимаваат со најстариот занает на светот остануваат целосно незаштитетни.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска