Како резултат на оваа одлична комбинација на состојки добиваме извонреден вкус…
Потребно е:
4 домати со средна големина
100 гр моцарела
2 млади кромидчиња
200 гр паштета
2 лажици сецкан свеж власец
за украсување:
4 лажички пармезан исецкан на ливчиња
2 лажички сецкан свеж власец
Подготовка:
– Измијте ги убаво доматите, исечете им го горниот дел и издлабете ги.
– Моцарелата насецкајте ја на коцкички. Кромидот ситно исецкајте го.
– Во еден сад измешајте ги убаво паштетата, моцарелата, кромидот и власецот. Со оваа мешавина полнете ги доматите.
– Секој полнет домат посипете го со парченцата пармезан и сецканиот власец и послужете го.